ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО ПРЕД СОБРАНИЕТО ДЕНЕС ВО 15 ЧАСОТ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето #Бојкотирам уставни промени повикува на масовен Семакедонски протест, без говори и бина, со транспаренти и знамиња, пред Собранието на Македонија, на 10 јануари 2019 година (четврток) со почеток во 15.00 часот за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Движењето #Бојкотирам го поздравува вчерашното присуство на пратениците и членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Движењето #Бојкотирам се оградува од злоупотреба на говорницата за провокации кон учесници на протестот!

На Семакедонскиот протест треба сите да демонстрираат доблест на толеранција и покрај сите разлики меѓу нас Македонците по род и државјанство! Мааните не треба да ги бараме меѓу нас пред Собранието, туку во предлогот на Владата за промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Движењето #Бојкотирам апелира, пратениците да не ги усвојат амандманите со кои се врши велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина. Пратениците имаат историска одговорност да ги спасат честа и достоинството на Македонскиот народ и државата Македонија пред кои положиле заклетва дека ќе ги бранат и одбранат суверенитетот и интегритетот!

Го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!

Бараме: оставка на Владата, распуштање на Собранието, нови парламентарни избори, повлекување на уставните амандмани за промена на името, поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со предлог-резолуција од Претседателот на Републиката до Генералното Собрание!

На 10 јануари 2019 година во 15 часот, сите од сите страни, пред Собранието на Македонија! Сите Македонци, по род и државјанство, еден за друг!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This