ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ОБВИНИТЕЛСКО -СУДСКАТА НЕПРАВДА:Поддршка на Патриотите неправедно обвинети за тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за одбрана на одбрана на дигнитетот на неправедно обвинетите патриоти, за утре (среда) 22 август 2018 година, во 9.30 часот повика на мирен јавен собир и протест пред Основниот Суд Скопје 1 за поддршка на патриотите обвинети за тероризам, за настаните од 27 април 2017 година.


Интегрално го објавуваме нивниот повик:

Браќа и сестри Македонци!

Во среда на 22 август во 10:00 часот започнува судењето на македонските ПАТРИОТИ. Обвинети се и ќе бидат судени уметници, парламентарци, полицајци, сите големи ПАТРИОТИ кои ја бранеа Македонија на 27 април 2017 година. Тоа е голем обвинителско-судски срам, срам на векот. ПАТРИОТИ се обвинуваат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Борбата за вистината за Македонија не е тероризам. Молчењето, на политичарите од Република Македонија и на дипломатските претставници на меѓународната заедница во Македонија, за неправдата што им се прави на ПАТРИОТИТЕ е срамно. Мораме на сите нив и на обвинителско-судските послушници да им покажеме дека таму каде има репресии вистината е најмоќното оружје. Оружје против сите лаги, невистини, исконструирани политички и полициски прогони и местенки.

Затоа ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 22 август 2018 година (среда), во 9:30 часот да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, на мирен јавен собир и мирен протест, да дадат поддршка на нашите ПАТРИОТИ и да изразат несогласување и револт против политичко-полициската харанга насочена против неправедно обвинетите ПАТРИОТИ, како и против обвинителско-судската неправда што им се нанесува.

Посебно ги повикуваме:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт и несогласување да го напуштат Собранието на Република Македонија и во знак на поддршка и солидарност да дојдат пред Основен суд Скопје I, Скопје;
Уметниците, а особено оперските пејачи, актерите и режисерите во Република Македонија да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, и да се спротивстават на политичкиот, полицискиот, обвинителскиот и судскиот прогон на уметниците;
Вработените во МВР и припадниците на полицискиот синдикат да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, и да ги поддржат нивните колеги неправедно обвинети;
Припадниците на македонските патриотски здруженија мирно да покажат несогласување со прогонот и обвинувањето на нивните членови;
Блогерите и колумнистите во Македонија кои искрено и навистина ја почитуваат слободната мисла и напишаниот и изречен блогерски и колумнистички збор.
Сите заедно да покажеме дека битката на Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Мукоски, Василевски, Арнаудов, Димовски, Тарчуловски, Јане Ченто, Југ, Анѓеловски, Пешов, Чавков, Лазаров и останатите обвинети патриоти, е и наша битка. Битка за СЛОБОДА, ПРАВДА, и битка за ВИСТИНАТА за тоа ШТО ТОЧНО се случи на 27 април 2017 година.

ДА СВЕТНЕ СОНЦЕ СРЕДЕ МРАК – 4 ИЛИНДЕН – ЗА МАКЕДОНИЈА!

Комитет за одбрана на дигнитетот на неправедно обвинетите патриоти (КОДНОП)

Сотир Костов, координатор

Скопје, 20 август 2018 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This