ПОВИСОКАТА АКЦИЗА ДИРЕКТЕН УДАР ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Зголемувањето на акцизата е против земјоделството, остра реакција и на превозниците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемувањето на акцизата за 3 денари најмногу ќе удри врз превозниците. Тие и покрај незадоволството, велат дека не можат да запрат со превозот кој неминовно ќе поскапи и ќе придонесе за раст на цените на многу крајни производи. Затоа од Асоцијацијата на транспортери „Макамтранс“ бараат од Владата рефундирање на акцизата за превозниците и земјоделските стопанства од сумата што ќе ја дадат за нафта.

Ако Владата сака да ја заштити животната средина, треба да го укине издавањето потврди за исполнување на технички услови за возила постари од 25 години и да овозможи увоз само на возила со Еуро 6 стандард со исклучок на специјални возила за товарниот сообраќај – бараат превозниците.

„Рефундацијата на сумата која е платена на име на акциза во цената на нафтата ќе овозможи нивелирање на цените на превозот кои и тоа како влијаат неколкукратно на цените на производите кои се превезуваат и се носат до крајните корисници, од една страна, а од друга страна ќе овозможат превозниците да можат да бидат поконкурентни на транспортниот пазар низ Европа, да обезбедат средства за обнова на возниот парк“.

Бараа зелена нафта, а добија поскапување на акцизата. И земјоделците незадоволни од новиот начин за дополнително полнење на буџетот. Велат ваквото решение ќе повлече низа поскапувања на земјоделските производи. Од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека ќе поскапе се, од орање, прскање на растенијата, до транспорт на производите на пазарите. Бараат земјоделството да биде исклучено од порастот на акцизата.

Инаку од министерството за финансии во повеќе наврати смируваа дека зголемувањето на акцизата нема да ги поскапи крајните производи. Од министерството за земјоделство, пак, велат дека поевтината зелена нафта која земјоделците ја чекаа набрзо ќе влезе во владина процедура. Сепак, од друга страна предлог буџетот за наредната година предвидува 136 милиони евра за земјоделски субвенции и рурален развој што е драстично помалку од претходно ветуваните 160 милиони евра годишно до крајот на мандатот на оваа влада.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This