Повисоки сметки за струја за месец јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без намален ДДВ ќе треба ЕВН хоум да ги испорача јулските сметки за потрошена електрична енергија на граѓаните која впрочем од тој месец и поскапе. Владата одлучи поскапувањето да го амортизира со намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 5 проценти, но со оглед на тоа што измените на Законот за ДДВ се уште не поминаа во Собрание, извесно е дека сметките кои ќе стасаат кај граѓаните ќе бидат повисоки. Регулаторната комисија за енергетика одобри поскапуавње на струјата од јули годинава од 12,5 проценти. Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска вели дека се додека не се усвои новата законска регулатива, понизок ДДВ не смее да се пресметува. Уверува дека е прашање на денови или најмногу недели да се усвојат измените.

Намаленото ДДВ се уште е во собраниска процедура. Ќе се пресметува од тогаш кога ќе биде усвоено, но јас сметам дека е прашање на денови овие измени да бидат донесени. На новите сметки е опфатен период пред одлуката на РКЕ и опфаќа дел пред таа одлука и една недела по таа одлука. Таа е техника која се спроведува. Се додека законот не помине во Собрание, сметките ќе биде повисоки. Штом поминат ќе се пресметува понизок ДДВ. Намерата ни беше јасна и тоа е јасно, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто, рече Бесими.

Апелираше до сите пратеници што побрзо да го донесат законот и ДДВ на струјата да се пресметува на пониска стапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This