ПОВИЦИТЕ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА МИЦКОСКИ И ИВАНОВ ЛЕБДАТ ВО ВОЗДУХ: Обвинителството уште„собира материјали“ па потоа ќе одлучува дали ќе поднесе пријава против Тричковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Кил Миц

Можеби е најдобро Мицковски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!“
„Ќе го измочаме Хорхе како бубрежен камен

Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.
Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“.

Овие зборови на омраза и повик за ликвидација на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, а претходно и на претседателот на државата Ѓорге Иванов и притисокот од јавноста не се доволно за Јавносто обвинителство кривично да го гони еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, поранешниот новинар Бранко Тричковски.

Јавното обвинителство собира информации за дури потоа да одлучи дали има основа за кривично гонење на Тричковски за јавните повици за ликвидација на Мицкоски.

„Основното јавно обвинителство Скопје против истото лице постапува по претходно поднесена кривична пријава за закани против претседателот на Република Македонија изнесени во колумна во весникот „Слободен печат“. Надлежниот јавен обвинител, постапувајќи по таа пријава, истовремено ќе постапи и по последните написи објавени на неговиот Фејсбук профил. За таа цел веќе се работи на прибирање на сите потребни материјали. Доколку бидат утврдени елементи на сторено кривично дело, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на кривичната постапка“ велат од Јавното обвинителство за Алфа.

Повикот за ликвидација на претседателот Иванов, Тричковски го упати пред три месеци, но ОЈО се уште не прибрало доволно докази за да покрене обвинение за овој случај. Претходно истиот новинар на сличен начин се пресметуваше и со поранешниот премиер Никола Груевски, но тој случај воопшто и не бил земен во предвид за разгледување, коментира новинарот Драган Милосављевиќ од Алфа.

Во текстот тој додава дека Обвинителството меѓутоа, по допрен глас има оформено предмет во врска со написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, во кој има и човечки жртви. Отворен е и предмет по поднесена кривична пријава од Хелсиншки комитет за човекови права и ЛГБТИ Центар против две лица, затоа што во емисија изнесувале зборови кои потпаѓаат под говор на омраза. Јавно обвинителство наведува и неколку други случаи по кои постапува врз основа на допрен глас.

Заканите на Тричковски за убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ досега ги осуди само Македонската асоцијација на новинари која побара од него да се оградат и редакциите во кои тој објавува текстови, додека другите новинарски здруженија молчат. Инаку редовните навредливи и заканувачки писанија на Тричковски јавноста ги коментира, од една страна како просто лечење на фрустрациите поради извесна интелектуална инфериорност и шоуменски обид за забавување на сеирџиски настроените сограѓани, но од друга страна и како еден вид пропагандистичка димна завеса за прикривање на крајно непопуларните потези на актуелна гарнитура на власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This