ПОВРАТ НА ДДВ НЕМА: Не само што нема да има поврат на ДДВ и плата од 30.000 денари, туку СДС воведува и нови даноци и давачки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Физичките лица кои оствариле приход на еден милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници е новата обврска која ја наметна Управата за јавни приходи. Според законот секој оној кој нема да го направи му следува казна која и не е баш мала и изнесува од 250 до 375 евра.

Во образложенијата кои се објавени на сајтот на УЈП стои дека даночни обврзници се правни и физички лица кои вршат стопанска дејност.

– „Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и слично.“ – се вели во соопштението на Управа за јавни приходи.

За да стане појасно за што станува збор секој оној кој заработил во 2017-та година над 16.200 евра е должен да се регистрира и како ДДВ обврзник. На тој начин за секој остварен приход каде е исклучен персоналниот данк на доход ќе се плаќа и ДДВ од 18 или од 5 проценти. Рокот за регистрација истече пред четири дена односно на 15-ти јануари така да за очекување е да пристигнат и првите казни врз основа на овој закон.

Експертите велат дека на граѓаните им се воведува нова давачка се со цел полнење на буџетот на државата. Тие посочуваат дека на овој начин физичките лица се ставаат во нерамномерна положба во однос на компаниите, бидејќи ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок на доход и со ДДВ. Тука дури е спорно дали има и законска основа за одданочување со ДДВ на физичките лица.

Иако СДСМ пред изборите ветуваше дека нема да ги зголемува даноците и другите давачки се покажа дека тоа е уште една голема лага од страна на оваа партија. Ова е уште еден удар врз и онака тенкиот џеб на граѓаните. Со оглед на лошите економски политики што ги води оваа Влада претпоставките се дека ова е еден од начините да се соберат повеќе пари во државната каса.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This