ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ: Брза помош со сирени излезе од паркинот на Правда, има задушени од чад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот што избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е ставен под контрола. Екипите на противпожарната заштита на град Скопје се уште се на терен.

Пожарот, во кој се зафатени канцеларии во Министерството, е пријавен во 16 часот и 45 минути.

Во гаснење на пожарнот интервенираат 10 возила со 25 пожарникари.

Според официјални информации во пожарот нема повредени, но предмалку од задниот влез на министерството со вклучени сирени излезе едно возило на Брзата помош, а вработени во Министерството информираат дека имало и задушени од чадот. 

Од она што го дознава „Инфомакс“, во пожарот изгорела канцеларијата на архивата во која се наоѓале илјадници документи и барања. Освен архивата настрадала и канцеларијата на сметководството на Министерството за правда.

Она што највеќе загрижува сепак, во пожарот изгореле и канцеларијата за техничка и информатичка поддршка на судовите во Р.Македонија, како и архивата за меѓународна правна помош, каде што се наоѓаат најсериозните предмети.

Имено, архивата на меѓународна правна помош и соработка ги чува барањата и информациите за меѓународни криминалци кои се бараат по потерници на Интерпол, ФБИ, ФСБ и останатите светски безбедносни служби. Таму се чуваат и барањата за екстрадиција како и информации за меѓународен организиран криминал и тероризам.

Како што информираа очевидци, избезумен бил и заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, кој на телефон, надвор пред зградата на Министерството за правда врескал на телефонот „Утре немам што да им кажам на интерпелација, се изгоре!“ – биле зборовите на заменик-министерот за правда Оливер Ристовски кој испаничен врескал на телефон пред зградата на Министерството за правда, сведочат очевидци на настанот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This