March 28, 2024, 10:21 pm

ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ: Во вчерашната сообраќајка во Аеродром повредено дете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 13 часот и 35 минути на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет Спарк“, сопственост на МВР, управувано од 41-годишниот Г.Л. и патничко моторно возило„Ауди“ со скопски регистерски таблици, управувано од 37-годишниот И.Т. од Скопје.

По негодата И.Т. и неговиот четиригодишен син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This