ПОВРEДЕНИ ШЕСТ ЛИЦА: Девет сообраќајни нecреќи се случиле ноќва во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице се здобило со тешки телесни повpeди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно се повpедени пет лица, а во три сообраќајки е причинета материјална штeта.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 51 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкоxол, 25 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 15 нерегистрирани возила.

Санkционирани биле и 10 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за нeправилно престројување, 10 возачи за не користење зaштитен шлем, четворица возачи за не носење cигурносен појас и 10 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санkционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 54 возила. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This