ПОВТОРНО: Варошанецот Иван Лотевски го фати крстот фрлен во водите на Охридско Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иван Лотевски од охридската населба Варош го фати крстот фрлен во водите на Охридско Езеро за Богојавление. Ова не е првпат да скока по светиот крст, имал среќа да го фати и лани.


-Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак- изјави Лотевски пред камерите.

Заедно со неговата тајфа, пеејќи ја песната на Богојавление, Лотевски се упати кон владиката Тимотеј, кој треба да го дарува, по што традиционално, учесниците во манифестацијата се собираат во ресторанот „Св. Софија“ во Охрид.

По ова, фаќачот на крстот тргнува куќа по куќа, за да ја сподели радоста и да им донесе среќа со светиот крст на домаќините.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This