Повторно дpaмa во Собрание – Талат тера инaeт, ВМРО-ДПМНЕ нeмa да пoпyшти, Алијанса/Алтернатива ќе прават кворум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата. По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати.

До денеска, нема договор со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од која се потребни неколку пратеници да се присутни на седница, зашто нема кворум поради тоа што има тројца пратеници од власта позитивни на коронавирус.

Кворум може да обезбедат и пратениците од албанската опозиција.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши за „360“ веќе потврди дека ќе учествуваат на утрешната 32.седница по која ќе се отвори и 36.седница на која како точки на дневен ред се и сетот закони од петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните.

– На 36-та седница, секако дека ќе присуствуваме и ќе се изјасниме за мерките кои треба да им помогнат на граѓаните. А, во однос на 32-та седница, која треба да се оддржи 15 минути претходно, доколку навистина има потреба и нема кворум, тогаш нашите пратеници ќе влезат во собраниската сала и ќе го обезбедат. Иако не знаеме која е вистинската причина зошто тој инсистира на таа седница, за да не му обезбедиме и нему и на ДУИ оправдување дека ние наводно сме виновни, ќе земеме учество и на таа седница – вели Африм Гаши за „360 степени“, додавајќи дека нема да дозволат Талат Џафери и ДУИ да ги користат како алиби за недонесување на петтиот пакет антикризни мерки.

И од Алијанса за Албанците потврдуваат дека ќе присуствуваат во пленарната сала за 32.седница, а потоа и на 36.сединца на која ќе се гласаат мерките.

– Нашите пратеници ќе бидат присутни утре во пленарната сала и за 32.седница, а потоа и на 36.седница. Како ќе гласаат се уште не сме сигурни, велат од „Алијанса за Албанците“ за Инфомакс.

Претходно, пратеници од владејачкото мнозинство најавија дека ако има потреба ќе ги донесат тројцата пратеници кои се во изолација поради инфекција со КОВИД19, ако треба и во скафандери за направат кворум за работа на 32.седница.

-Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација, се закануваат пратеници од владејачкото мнозинство, пренесува „Курир“.

Сепак, напуштањето на местото на изолација на лице позитивно на КОВИД19 е забрането, освен за одење на лекар. Секое друго напуштање и непочитување на издаденото решение за изолација претставува кривична одговорност според Членот 206 од КЗ на Република Македонија. Во случајот одењето со скафандер на заразени пратеници со коронавирус на седница во Собранието на Република Македонија е кривично дело и казниво согласно закон.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да учествуваат на 32.седница на Собранинето во петокот, откако спикерот Талат Џафери го услови одржувањето на 36.седница со завршување на претходната, иако за тоа не постои обврска.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во изјава за Инфомакс, кажа дека односот на Талат Џафери е недопустлив, и дека тие немаат намера да обезбедуваат кворум за работа на владејачкото мнозинство кое во моментов е десеткувано и нефункционално.

Од ВМРО-ДПМНЕ за Инфомакс велат дека нема да присуствуваат на утрешната 32.седница на Собранието, но ќе го поддржат петтиот пакет економски мерки кои треба да се гласаат на 36.седница.

Од увидот што секој може да го направи во дневниот ред за 32-та седница на Собранието, таа е започната на 25 јануари и утре ќе биде нејзиното деветто продолжение. Од точките на дневниот ред кои се преостаните, најважна е онаа која се однесува на усогласување на македонското законодавство со барањата на светските производители на вакцини, односно овозможување флексибилност на системот на јавни набавки во случаи директно поврзани со мерките за справување со пандемии и епидемии на заразни болести. На листата се и Националната стратегија за борба против корупцијата и судир на интереси, предлогот на завршната сметка на Буџетот, неколку финансиски извештаи за работењето на јавни институции и низа законски решенија од сферата на економијата кои се во прво читање, пренесува „360 степени“.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This