April 20, 2024, 12:20 pm

ПОВТОРНО ИЗИГРАНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО „ЕУРОКОМПОЗИТ“: Иако имаа писмена гаранција за исплата до 30 ноември, вработените повторно извисени од Владата на РМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 200 работници, од кои половината се технолошки вишок, денеска се собраа во кругот на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ изразувајќи го својот револт што не се исполнува ниту најавата, ниту ветеното, со исплатата на отпремнините и две плати за да се продолжи со работа, пренесе „Лидер“.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“, на 130-те работници прогласени за технолошки вишок денеска требаше да им се исплатат по 50. 000 денари, дел од отпремнините, а на 100-ината кои останаа на работа, две плати зашто последната ја зедоа на 27 септември.

-Сите овие луѓе се чувствуваат изиграни од раководството и од владата. На прогласените за технолошки вишок за денеска им беше ветено дека ќе добијат по 50 000 денари, дел од отпремнината, а за 100-ината кои се останати, по две плати и да продолжиме со работа. Досега парите не се исплатени. Најновата информација што ја имаме од раководството е дека денеска на име отпремнини ќе им исплати по 25. 000 денари од ветените 50. 000 денари, а тие имаат за земање вкупно по 90. 000 до 100. 000 денари отпремнина, а нам, наместо две плати ќе ни бидат исплатени по 8.000 до 10.000 денари. Луѓето ќе бидат селектирани. По контактот со директорот и со претставникот на држвниот капитал слушнавме различно: претставникот вели дека отпремнините по 50.000 денари ќе ги добијат, а директорот вели дека нема толку пари, изјави Богданоски.

Работниците бараат владата да им каже конкретно што се случува со нив и со фабриката и најавуваат протести.

-Сакаме некој од владата да ни каже конкретно што се случува, да не си играат со вработените, или еднаш засекогаш нека го стават клучот на вратата на „Еурокомпозит“. Принудени сме да почнеме со протестите, блокада и собирање пред владата, вели Богданоски.

За Цветан Бунтески, еден од прогласените за технолошки вишок, веќе е неиздржливо без денар.

-И написмено беше дека на 30 ноември ќе добиеме по 50.000 денари. Но нема ниту плата повеќе од два месеца. Ова е неиздржливо, немаме денар за парче леб. Принудени сме на протестивели Бунтески.

Инаку работниците од „Еурокомпозит“ имаат побарувања за неплатени придонеси за шест години и 18-тина заостанати плати.

Протестите се најавуваат во почетокот на идната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This