April 26, 2024, 12:47 pm

ПОВТОРНО ИЗЛАЖАНИ РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ: Вработените без плата, а технолошкиот вишок без денар отпремнина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако минатата недела по долги, претходни натегања, 130 работници од прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ кои го исполнуваа условот за технолошки вишок, си заминаа од фирмата, но со само еден документ, а без денар од ветената отпремнина, состојбата во Компанијата како се повеќе да се усложнува. Имено, денеска струјата повторно била исклучена, а останатите 100 вработени, по налог на директорот, вратени биле дома на неопределно време – јавува ТВ Алфа.

Плата не е исплатена повеќе од два месеци, а за пензиското и здравственото осигурување не можело да стане ниту збор, истакна на денешната прес конференција, претседателот на Синдикалната организација, Роберт Богданоски.

Имајќи ги предвид сите овие околности, и стечајните работници, а и оние кои се уште се во работен однос, се зак ануваат дека повторно ќе одат на протест во Скопје, бидејќи, како што велат, се чувствуваат повторено излажани и изма нипулирани.

Инаку, последните ветувања од Владата биле дека доколку си заминат овие луѓе како технолошки вишок, наводно веќе извесниот инвеститор ќе ги обесштетел и нив, а на компанијата ќе и обезбедел непречена работа, во што, „еурокомпозитовци“ се помалку веруваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This