ПОВТОРНО КАВГА ВО ВЛАДЕАЧКАТА КОАЛИЦИЈА: СДСМ му замерува на Џафери што ја прекина седницата за одземање на имунитетот на Вељановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски, денеска на прес-конфернција истакна дека тој и неговата партија бараат одговори од претседателот Талат Џафери, зошто ја прекинал вчерашната седница за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

-Пратениците беа подготвени правдата за настаните од 27 април да се тера до крај, но Џафери не дозволи да има гласање. Претседателот должи одговор на јавноста и на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на Вељаноски. Кворум постоеше, мнозиснството беше во Собранието, но седницата беше прекината. Поради ова денеска во Собранието нема услови да продолжат активностите. СДСМ е одговорна партија и интересот на јавноста е на првото место. Затоа ние и јавноста бараме одговори од претседателот Џафери – истакна Митревски кој додаде дека СДСМ не учествувала на денешната координација со собранискиот спикер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This