ПОВТОРНО НА ДHOTO: Пomoш за економијата, Македонија последна во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија останува на дното на листата на европските земји, за поделба на пари, за економска помош на бизнисите поради кризата со вирусот „Корона“. Ова го покажува анализата на Националната алијанса за локален економски развој од Србија. Меѓу државите од регионот, Србија има најголема поддршка со 11 проценти од бруто домашниот производ, а потоа следат Бугарија со 9,9% од БДП и Грција со 5%. Хрватска и Босна со приближно исти распределби од 3 и 3,5 проценти од БДП.


Последна на листата е Македонија со 1,2 процент, а пред неа е Албанија со 1,3 проценти.

Процент од БДП за борба против Ковид-19:

СРБИЈА 11,0%
БУГАРИЈА 9,9%
ГРЦИЈА 5,0%
ХРВАТИА 3,0%
БОСНА – ХЕРЦЕГОВИНА 3,5%
АЛБАНИЈА 1,3%
МАКЕДОНИЈА 1,2%

– Германија и Финска дадоа најголем процент од БДП, околу 20 проценти од нивниот бруто-домашен производ директно на економијата заради коронавирус. Србија со 11 проценти од својот БДП е број еден во Југоисточна Европа, во споредба со Босна и Херцеговина, Хрватска, каде нивната помош е во рамките на 3 проценти од БДП, а Северна Македонија со 1,2 отсто, додека Албанија со 1,3 процент- рече Игор Лончаревиќ – заменик претседател на НАЛК на Србија.

Анкетирани се вкупно 36 европски земји. Германија дели 20,3% од БДП и Франција 17. Според анализата, сите земји креирале економски пакети со цел да ги одложат и намалат даноците, финансиски да ги поддржат компаниите и да ја одржат ликвидноста на компаниите. Мерката за субвенционирање на минимална плата присутна е во 10 од 36-те земји, вклучително и кај нас. Некои развиени земји избраа да го скратат работното време, мерка што ја користеше Германија во кризата во 2008 година.

Според владата, економскиот пакет на земјата тежи 200 милиони евра. Македонија се рангираше на дното на Европа, според финансиските средства за економијата и компаративната анализа на податоците од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Институтот за економски истражувања Сазадвејг во Унгарија. Во тоа време, со поделени само 0,2 проценти од БДП, Македонија беше на претпоследното место во Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This