ПОВТОРНО ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ТЕНЗИИ НА КОСОВО: Марко Ѓуриќ утре повторно оди на Косово, 12 дена откако беше уапсен од специјалните сили во Косовска Митровица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ во сабота ќе присуствува на полноќната Велигденска литургија во манастирот Бањска на Косово, 12 дена по апсењето во Митровица


Дека Ѓуриќ ќе претстојува на Косово во манастирот Бањска соопштила Канцеларијата за Косово, а веста е потврдена и во Приштина со соопштение на косовското министерство за надворешни работи и изјава на советникот на министерот Јетлир Зиберај.

Посетата на Ѓуриќ доаѓа по неполни две недели од неговото апсење на 26. март во Косовска Митровица, по што се кренаа тензиите на линија Белград – Приштина.

Косовските власти тврдеа дека на Ѓуриќ му бил забранет влезот на косово, додека од Белград беше порачано дека во договорот од Брисел нема потреба за дозвола, туку директорот на Канцеларијата за Косово само треба да ја најави посетата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This