ПОВТОРНО ПОЧНА ДА ПАЃА СНЕГ: Еве каде паѓа снег во моментов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, соопшти ЈП Македонија пат.

sneg-vo-skopje-1-500

Слаб снег провејува на планинскиот превој Стража, во Маврово и Смојмирово. Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Снег паѓа и во делови на северозападна Македонија, како и во некои места на крајниот исток.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат информира дека нејзини дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This