Повторно прекината координацијата во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради дополнителни консултации, координативната средба за собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата е прекината и ќе продолжи во 13 часот.

sobranie

На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата. Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи  ќе бидат застапени во неа.

Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.

Координативната средба почна завчера. На вчерашното продолжение беше одлучено да се одложи за денеска. Претставниците на парламентарните групи останаа на истите ставови поради што се уште не е постигнат напредок во разговорите за претседател на Комисијата.

Утврдување на предлогот за составот на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This