ПОВТОРНО ПРОЛОНГИРАНА ИЗГРАДБАТА НА БОЛНИЦАТА ВО ШТИП: Ќе се гради дури за една година од сега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За една година е пролонгирана изградбата на новата болница во Штип, наместо да се изгради годинава, таа треба да биде завршена во 2020 година. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова е согласно новиот динамичен план, кој е направен со грчката компанија „Интеркат”, којашто го има добиено тендерот.

Инаку компанијата „Интеркат” во ноември 2018 година не го продолжи договорот со штипската градежна компанија „Бетон”, којашто минатата година, како подизведувач на неколкупати ја стопираше изградбата или на објектот работеа минимален број на работници. Надлежните од „Интеркат” велат дека на објектот останува да се изгради фасадата и во внатрешниот дел треба да се инсталира електро-механиката, којшто е и најсофистициран дел од изградбата, а очекуваат комплетно да ја завршат до јуни 2020 година. Во текот на вчерашниот ден фирмата „Бетон” си ги собра и алатите од овој објект. Директорот на „Бетон”, Ванчо Мијалчев во изјава дадена за регионалната телевизија „Стар”-Штип вели дека раскинувањето на договорот е самоволно и еднострано коешто на фирмата и донесе финансиски проблеми во висина од 2,5 милиони евра.

–Со раскинувањето на договорот, банките ги активираа земените кредити, ја блокираа сметката, луѓето ја напуштија фирмата, а дел од нив се вработија токму во таа грчка фирма, од 250, останавме само 50 вработени – вели Мијалчев.
Тој најави дека имаат веќе и поведено судски спор, бидејќи раскинувањето на договорот, како што вели, бил едностран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This