April 26, 2024, 11:02 pm

ПОВТОРНО ПPOTECTИ: Вработени во „Македонска пошта“ излегоа на улица, бараат подобри услови за работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со договор на дело и без ниту ден стаж за дел од вработените од „Македонска пошта“, во знак на револт излегоа на улица. Гласот го кренаа откако веќе 8 години раководството молчи на нивните барања. Дел од нив пред камерата на Алфа се пожалија дека не било човечки игнорантскиот начин на однесување од страна на директорот, кој со години бегал од одговорност. Бараат час поскоро да се видат со него, и да се договорат околу нивниот статус, додека „Пошта“ распишува огласи за вработување.

– Ни договор, ни здравство, ништо. Ова е катастрофа. Згора на се се вработуваат 80 луѓе, а нас не не сметаат за живи, рече за Алфа Беесар Мамути, вработен во Македонска Пошта.

Дел од вработените велат и дека не се чувствуваат безбедни кога разнесуваат пратки, а често пати и пари, кои некогаш не завршувале до точната адреса.

– Ни безбедни сме, ни ништо, ова не е добро вака, не сме воопто безбедни кога сме на терен, се пожали Седил Ајруловски, вработен во Македонска Пошта.

Алфа побара одговор и од директорот на „Македонска пошта“, но вработените ни рекоа дека бил на службено патување. Дел од поштарите пак го негираат тоа, и велат дека тој бил на патување секогаш кога требал да се сретне со нив.

Инаку, во „Пошта“ врз основа на договор на дело вработени се 240 работници. На сите од нив, од 18.000 им била намалена платата на 15.000 денари. Зошто, барем за сега од надлежните молк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This