March 28, 2024, 10:54 pm

Повторно силен зeмјотрес во Хрватска, почувствуван и во БиХ и во Словенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централна Хрватска повторно беше погодена од посилен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња околу 11 часот, а засега нема информации за можна материјална штета. Потресот се почувствува и во Загреб.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека во 10.58 часот забележала прилично силен земјотрес кај Глинска Полјана, недалеку од Петриња. Земјотресот се почувствува на пошироко подрачје, а граѓаните јавуваат дека се почувствувал и во БиХ и во Словенија.

Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Областа на централна Хрватска постојано се тресе од низата земјотреси што ја погодија областа на крајот на декември.

Најсилниот беше на 29 декември, 6,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња, кога загинаа седум лица и беше предизвикана голема материјална штета во областа Петриња, Сисак, Глина и околните села.

Штета беше предизвикана и во Загреб и неговата околина, главно на покриви каде беа оштетени оџаци и плочки, особено на зградите кои веќе беа оштетени во земјотресот што го погоди хрватскиот главен град во март минатата година и чијашто јачина беше 5,5 степени по Рихтер., пренесува Бета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This