April 20, 2024, 11:58 am

Повторно снег во Македонија – еве каде вее во моментов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Буково. Намалена видливост поради појава на магла од 40 до 50 метри има на патните правци село Лисец – Попова Шапка и Бунец – Маврови Анови, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

133566648-104119

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

АМСМ предупредува дека во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This