ПОВТОРНО ШВЕРЦЕРСКА ШЕМА: Зоран Заев и Рамуш Харадинај највеќе профитирале од косовските тариф кон Србија – разработиле шверцерска шема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерите на самопрогласеното Косово и Македонија Рамуш Харадинај и Зоран ЗАев, по воведувањето на таксата на робата од централна Србија од страна на официјална Приштина, ја превземаа контролата над прометот, пишуваат „Вечерње новости“

Откако Приштина воведе таки на српските производи во ноември, увозот на Косово од околните земји е значително зголемен, а од Македонија пораснал за околу 40%, се наведува во текстот.

Според изворите на весникот, ова допринело и договорот помеѓу Харадинај и Заев на подрачјето на Косово да се преусмерува роба од Македонија.

Соговорниците на весникот, велат дека наводниот национален и економски интерес на саморпогласеното Косово е во втор план, додека примарна цел е превземање контрола над прометот на големи колчини роба за широка потрошувачка, и тоа преку лица блиски на Харадинај и Заев.

Соработниците на Харадинај проценуваат дека договорот за пласирање на роба без потребни декларации од Македонија на Косово не би можел да се реализира ако на чело на Државната фитосанитарна лабараторија останал некој кој не е под нивна контрола.

Поради тоа, како што пренесуваат изворите на хрватскиот весник, кулминираат притисоците за смена на директорот на Државната фитосанитарна лабараторија во Македонија за да се именува човек од доверба на Заев.

Епилогот е дека досегашниот прв човек на оваа лабараторија Миодраг Ствановиќ, члена на Српската напредна странка од Македонија, практично е набркан на 3. јануари, а главниот збор го има Сеат Шасимановси, пишува весникот.

Харадинај и Заев неформално се состанаа на 13. јануари на аеродромт во Приштина, а заедничка фотографија на „Фејсбук“ објави Харадинаиј.

Поедини македонски стопанственици оценуваат дека бизнисмените не би требало претерано да се радуваат и да ја користат приликата во која се нашла Српската економија, а на која профитираат земјите од регионот, бидејќи тоа би можело погрешно да биде протолкувано од Србија, така да истата во иднина би можела да го забрани или ограничи извозот на некои Македонски производи.

Од 21. ноемри, кога таксите се воведени, до крајот на јануари, според податоците на официјален Белград, направена е штета од 66.2 милиони евра.

Според податоците од Скопје, маекдонскиот извоз на Косово во декември изнесува повеќе од 18 милиони евра, додека во истиот месец 2017. изнесувал 13 милиони евра.

Истовремено, увозот на Косово е зголемен од Албанија за 60%, од Бугарија за 50%, и од Грција за 114%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This