ПОВТОРНО ЌЕ РАБОТИ УЛИЦАТА: Македонците нема да дозволат промена на името за влез во НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако граѓаните во Македонија не сакаат членство во НАТО по цена на промена на името, власта, по се изгледа нема ниту да ги праша за мислење

Прашањето за влез на Македонија во состав на НАТО би можело да биде решено во наредните три до четири месеци, изјави неименуван европски дипломатски чиновник, дознава РИА Новости. Како што изјавил, преговорите на иницијатива на САД драстично се убрзани, а планот е да бидат завршени до есен.

Медиумите претходно пишуваа дека Северноатлантската алијанса планира до пролетта 2018.година во својот состав да ја смета и Македонија, а за да се постигне овој план, официјално Скопје би требало да го промени името на државата. Проблемот со името на државата ги кочи и европските интеграции на Македонија, имајќи во предвид дека Грција се противи на уставното име на државата тврдејќе дека тоа е назив за северна грчка област.

Постоењето на планови да се убрза членството на Македонија во НАТО за Спутник го потврди и Александар Митовски од македонскиот Центар за истражување и анализа.

„Постои таканаречен ‘план 3-6-9’ кој го најави Зоран Заев, а е врзан за процесот на зачленување на Македонија во НАТО во наредните три месеци, што би значело дека Македонија

или ќе го промени името и можеби ќе биде преименувана во Горна Македонија, или треба да влезе во НАТО под привремената референца која трае веќе 27 години – Бивша Југословенска Република Македонија. Оваа друга опција е невозможна бидејќи Грција нема да дозволи Македонија да влезе во состав на Алијансата под привремената референца“, објаснува Митовски.

Тој додава и дека унгарските медиуми пишуваат за наводни преговори помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Република Македонија да се преименува во Горна Македонија.

„Ако тоа се случи, тогаш навистина постои можност Македонија во наредните три до шест месеци да влезе во НАТО, но тоа дефинитиво кај нас ќе предизвика голема криза бидејќи на граѓаните не им паѓа на памет да го промени името на државата. Исто така, кога станува збор за рејтингот на НАТО во Македонија, тој исто така е неповолен по плановите на Зоран Заев бидејќи граѓаните не сакаат членство во НАТО по цена на промена на името“ – категоричен е Митовски.

Како што вели, македонската опозиција може да се обиде да го блокира овој процес по легален пат, низ институциите, но нема да може да влијае на народот и да го спречи да излезе на улица и да го одбрани она што за нив е свето.

„Ако сегашната власт и нивните западни партнери решат да се промени името на Македонија, и во НАТО да влезе со ново име, не гледам што би можела да направи опозицијата по пат на правото и законот. Тоа речиси со сигурност ќе биде причина луѓето повторно да ги видими на улиците и да имаме нова нестабилност. Исто така, не верувам дека власта ќе распише референдум за членство во НАТО, бидејќи на Заев не му е грижа за мислењето на народот, а и знае дека референдум не би поминал. Мислам дека тука се присутни истите оние сценаристи кои ја направија кризата во Црна Гора поради начинот на кој таа земја е сместена во НАТО, па референдум не очекувам и поради тоа“, вели Митовски за Спутник.

Сандра Черин
Спутник

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This