March 29, 2024, 12:05 pm

ПОВТОРЕН ОБИД: Косовскиот парламент на 20 март ќе се обиде да ја ратификува демаркацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седницата на косовскиот парламент,на чиј дневен ред ќе биде ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора е закажана за 20 март во 16 часот,потврди претседателот на парламентот Кадри Весели по средбата со Претседателството на законодавниот дом.

Тој додаде дека на 20 март конечно ќе биде заокружено ова прашање.

– Тоа  беше и целта. Убеден сум дека заедно ќе го постигнеме тоа,-посочи Весели.

Не одговори дали се обезбедени потребниот број гласови за да помине демаркацијата,туку кусо рече дека има „целосен консензус“ за тоа.

И премиерот Рамуш Харадинај,како и Весели  рече дека седницата е закажана за 20 март но не одговори дали се обезбедени потребните 80 гласови.

– За мене тоа ниту било ниту сега е лесен процес.Но, не можам да продолжам да гледам мојот народ да биде изолиран и блокиран,како што е сега,-изјави Харадинај.

Додава дека во овој процес со Црна Гора зачуван е територијалниот интегритет на Косово, со можност за корекции во правец  на Чакор и Кула.

Министерката за европска интеграција, Дурата Хоџа, деновиве порача дека доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван под итно, визната либерализација нема да се случи пред 2020 година.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This