April 23, 2024, 10:06 pm

ПОГБА ЗА САМО 24 ЧАСА СЕ ПРЕФРЛИ ОД „ГО САКАМ РЕАЛ“ НА „ЈА САКАМ БАРСА“: Французинот кокетира со шпанските гиганти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За помалку од 24 часа, во две различни интервјуа, Пол Погба отиде од желба да потпише за Реал Мадрид, до  желба да сака да оди во Барселона.

“Да се ​​игра за Реал Мадрид е сон”. По само еден ден откако ја даде оваа изјава, францускиот играч од средниот ред го разбранува светот на фудбалот, со уште една изјава која пак се разликува во голема мера, а се однесува на најголемиот ривал на Реал, Барселона.

“Тоа е еден од најдобрите тимови во светот, прекрасно е да ги гледате како играат затоа што секогаш можеш да научиш од нив. Тие имаат одлични играчи и пред се, еден извонреден играч (Меси), кој е многу над останатите”, рече играчот на Манчестер Јунајтед за Барса во изјавата за “Евроспорт”.

Иако неговата страна мора да се соочи со Барселона на Валверде во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Погба не штедеше пофални зборови за каталонската страна и јасно стави до знаење две работи: тој е подготвен да ја напушти Англија и покрај фактот дека работите му се одвиваат добро сега под палката на Солскер и дека нема предност помеѓу Реал Мадрид и Барселона во однос на тоа за кого би сакал да игра.

“Натпреварот против Барселона ќе биде посебен, бидејќи тие претходно нè исфрлија од Лигата на шампионите и сега повторно се соочуваме, но тоа е можност да уживаме бидејќи атмосферата е соодветна”, изјави тој во пресрет на четврт-финалето со Барселона.

Со Мино Раиола како негов агент и изјавите, Погба со сигурност почнува да ги разгледува опциите за ова лето, не е апсурдно да се мисли дека ова би можело да биде дел од стратегијата, така што Погба, со своите јавни коментари, ќе добие повик од два од најбогатите клубови во светот .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This