April 24, 2024, 11:28 pm

ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН: Ватикан подава рака кон Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан оцени дека денешната посета на папата Франциск претставува признание и почит кон државата и граѓаните.

– Доаѓањето на неговата светост, пред сѐ, го сметам како признание на Владата на Ватикан и на светата столица ватиканска, признание пред сѐ, на Република Македонија и подавање рака во овие времиња на искушение кон Република Македонија, кон македонскиот народ и кон граѓаните на Македонија. И нашата и сета црква ја држи самиот Бог. И ние свештенството и верниот народ можеме да бидеме уште подобри затоа што тоа и се очекува од нас во овие времиња што ги живееме. Искрено се трудиме да направиме што можеме повеќе за угледот и достоинството во овие времиња кога очекуваме и признавање од Цариградската патријаршија, односно вселенскиот патријарх и секако прифаќање од останатите православни цркви – изјави архиепископот Стефан за ТВ Тера по вчерашното преосветување на црковниот храм „Свети Спас“ во пелагониското село Добрушево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This