March 29, 2024, 12:05 pm

ПОГЛЕДНЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Од утре времено се пренасочуваат автобуските линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од утре ќе почне со изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во насока од Дексион кон Центар, и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.

avtobus

Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Цeнтар, од запад кон исток, ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“, по улица „Кузман Шапкарев“, улица„ Борис Сарафов“ (4 ти Јули), булевар„ Македонска војска“, и продолжуваат по својата траса.

За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.

Во обратна насока, од Центар кон Дексион, или во правец исток-запад автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This