ПОГЛЕДНЕТЕ ГО „ЅВЕРОТ“ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ВОЗИ ТРАМП: “Кадилак Еден“ е автомобилот во кој ќе се вози Трамп, опремен со топови и резерви на крв!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот модел ја замени флотата од 12 автомобили кои ги користел сега веќе поранешниот претседателот Барак Обама од 2009 година. Автомобилот “Cadillac One” познат и како „Ѕвер“ ќе го превезува новиот претседател на САД Доналд Трамп, а во јавноста се појави на денот на инаугурацијата, 20 јануари.
trump_limo_beast_

Неговите карактеристики се, како што истакнуваат експертите, повеќе импресивни од автомобилите на претходните претседатели. Кадилакот ќе биде опремен со оружје и топови кои испукуваат солзавец, а вратата и прозорите на лимузината ќе бидат потполно отпорни на куршуми како и хемиски и биолошки напади.

Во претседателската лимузина има задолжителни резерви со крв која одговара на крвната група на претседателот, а кои може да се употребат ако дојде од итен случај. Точните детали не се објавени но се шпекулира дека лимузината е отпорна и на импровизирани експлозивни направи.
donald-trump-limousine

Се очекува дека автомобилот ќе биде блиндиран како воените возила и дека вратата ќе биде толку тешка што претседателот Трамп нема да може да ја затвори од внатре. Лимузината ќе задржи некои од карактеристиките на моменталниот модел кој го сметаат за еден од најбезбедните автомобили на планетата.

Во него може да застанат седум лица, а има и скриени резерви на кислород кои ќе го снабдуваат автомобилот со чист воздух, во случај надворешниот воздух да стане токсичен. Моделот кој го користел претседателот Барак Обама исто така имал и камери за ноќно снимање, гуми обложени со кевлар, специјална пена која се шрии и спречува да експлодира резервоарот.

Компанијата “General motors” располага со буџет од 15 милиони долари за развој на новите претседателски возила, покажуваат документите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This