ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ВЕЕ СНЕГ ВО МОМЕНТОВ: Магла на превојот Плетвар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Слаб снег провејува во Ресен. Магла со видливост од 80 до 100 метри има на планински превој Плетвар.

magla2222

На патните правци Велес-Штип и Свети Николе-Куманово поради силен ветер наместа има наноси од снег кои редовно се чистат.

Се уште е во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува преку Битола и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила се законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This