ПОГЛЕДНЕТЕ: Што значат најчесто сонуваните соништа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Психологот Иан Валас открива што значат најчесто сонуваните соништа.

Тој анализирал повеќе од 150.000 соништа, за време од 30 години и направил листа на најсонувани соништа, го анализирал нивното значење и што може да се научи од нив.

Бременост

Ова значи голем напредок и развој. Не го пропуштајте!

Непозната соба

Собата во некоја куќа ги претставува различните аспекти на вашиот карактер. Ако се наоѓате во соба која никој не ја користи, значи дека имате талент за кој не сте свесни. Затоа треба да поминете повеќе време истажувајќи ги своите таленти.

Паѓање

Ако сонувате дека паѓате, тоа значи дека на јаве се држите цврсто за нешто. Со тоа нешто мора да се помирите. Наместо да се грижите за губењето на контрола, треба да имате поголема доверба во себе и да верувате дека се ќе дојде на свое место.

Летање

Ако сонувате дека летата, тоа значи дека ќе се ослободите од околностите кои ве спречуваат нешто да направите. Овој сон е последица на некоја тешка одлука која сте ја донеле и ќе се издигнете над ограничувањата.

Заби кои паѓаат

Забите симболизират самодоверба и моќ. Ако сонувате дека ви паѓаат забите, веројатно сте во ситуација во која се руши вашата самодоверба. Наместо на некои проблеми да гледате како губење на моќ, обидете се да размислите мирно и да ги прифатите предизвиците.

Некој ве брка

Ако сонувате дека некој ве брка, на јаве сакате да се соочите со некој проблем или личност, но не знаете како. Сепак тоа е одлична можност да прифатите некоја ваша лична амбиција. Иако изгледа застрашувачки, тоа може да ви помогне да бидете повеќе одлучни на патот кон успехот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This