March 28, 2024, 11:25 am

Погледнете што му прават само 7 ореви дневно на вашето срце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен што се вкусни, оревите имаат и два пати поголемо ниво на антиоксидантот полифенол отколку било кое друго костенливо овошје. Науката тврди дека само седум ореви дневно можат значително да ги намалат знаците на стареење, да ве заштитат од срцеви заболувања и одделни видови на рак.

Набрзо откако е откриено дека оптималната дневна доза на ова овошје може да спречи развој на срцеви болести, оревите се прогласени за „суперхрана“. Ако зборуваме за здрави намирници за срцето, тие се наоѓаат на самиот врв на листата со најздрави намирници кои би требало да ги внесуваме.

Плодот на оревот содржи високо ниво на масти, високо-квалитетни протеини и јаглени хидрати. Исто така е богат со калиум, магнезиум, фосфор, железо и витамините Б и Ц.

„Оревите се меѓу најздравите намирници, пред сите други видови на храна. Нашето истражување покажа дека здравата исхрана би требало да вклучува поголема потрошувачка на ореви“ изјави доктор.


Најдобри начини оревите да се консумираат е да се јадат сирови, бидејќи печењето ја намалува нивната ефикасност, истакнуваат научниците. Големите количини на алфа-линоленска киселина во оревите играат важна улога во одржувањето на здравјето на срцето, го намалуваат ризикот од срцев удар и го нормализираат крвниот притисок.

Се наведува дека консумирањето на ореви го намалува LDL холестеролот, додека редовното консумирање може да ги намали и шансите за развој на дијабетес тип 2.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This