Погледнете ја неверојатната вила која ја поседува Наоми Кемпбел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Супермоделот Наоми Кемпбел може слободно да се нарече икона во модната индустрија, бидејќи не постои личност на светот која не слушнала за неа или погледнала барем една нејзина фотографија од модната писта.

Во склад со својот статус, Наоми поседува и недвижности кои совршено ѝ одговараат. Некои од нив ги купила со свои пари, а некои, како оваа, која ѝ била купена од некогашното момче, рускиот милијардер Владислав Доронин.

За нејзиниот 41 роденден Владислав ѝ подарил неверојатна островска вила обликувана како египетско око. Нејзиното момче го редефинираше значењето на сите подароци на светот. Вилата се наоѓа во Isla Playa de Cleopatra во турскиот залив Гокова.

Централната купола со повеќе нивоа е урамена со челик и “облечена” во глазиран стаклен панел, кој пропушта сончева светлина во текот на целата година. Иако ефектот на стаклената градина промовира природно греење, одредени мерки, како пејзажот обезбедува таа топлина да биде поднослива за време на летниот период.

Оваа куќа е романтичен сон, бидејќи има удобна микро клима со константен протек на возудх, светлина и топлина, додека тогашното момче на Наоми ја одбра совршената локација за нејзина изградба.

Шпанскиот архитект, Луис де Гаридо, кој е специјализиран за одржлива градба, дизајнирал и Eco-House Horus такашто куќата е комплетно самоодржлива.

Иако таа и Владислав не се заедно, оваа куќа останала во нејзина сопственост, што дури ни во скоро време нема да се промени.

Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This