Поглед во внатрешноста на уникатната гробница стара 4 400 години, откриена во Египет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новооткриената, добро сочувана гробница во Египет која датира од пред 4 400 години била, најверојатно, последно место за одмор на кралскиот свештеник кој толку ја сакал својата мајка што нејзиното име се споменува буквално насекаде во гробницата.

,,Тој го спомнува името на неговата мајка речиси насекаде”, вели Мустафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, кој вели дека се пронајдени десетици хиероглифи, статуи и цртежи во чест на мајката на свештеникот.

Фотографиите и видеата на гробницата што е постара од 4 000 години покажуваат дека таа е пронајдена во исклучително добра состојба. Вазири вели дека станува збор за исклучителни откритија, едни од раритените последниве децении.

Името на свештеникот е Вахти, кој служел за време на Петтата династија на Египет под кралот Нефериркар, според Вазири. Неговиот гроб е долг околу 33 метри, широк 10 метри и висок 10 метри и бил откриен во Сахара, јужно од Каиро. Гробницата има две нивоа исполнети со десетици статуи и шарени цртежи на свештеникот и неговото семејство.

Различни цртежи ја опишуваат изработката на керамика и вино, правење религиозни обреди, музички изведби, пловење со чамци и ловење.

Гробницата е дел од поголем комплекс во Сараха, каде што археолозите откриле уметност и архитектура кои даваат слика за секојдневниот живот во древниот Египет.

Многу други антички артефакти веројатно остануваат скриени во длабочините на гробницата. Вазири верува дека постои и саркофаг на сопственикот на гробот, покрај многу други предмети.

,,Ќе почнеме од утре да откриваме какви тајни крие оваа гробница”, вели тој. Понатамошните ископувања се очекува да почнат неделава.
Извор:актuelno24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This