Подгорица добива парк посветен на Ѓорѓе Балашевиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, најави дека главниот град на Црна Гора ќе добие парк посветен на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина пред седум дена.

„Почитувајќи ги предлозите на нашите сограѓани кои брилијантно реагираа на веста дека главниот град има намера да се збогува со Ѓорѓе Балашевиќ на примерен начин, решивме да формираме нова парковска област на булеварот Михаил Лалиќ наместо мурал како дел од големиот Југословенски кантавтор.“ Објави Вуковиќ.

Градоначалникот на Подгорица на Фејсбук изјави дека на повеќе од 5.000 квадратни метри ќе бидат засадени 68 садници од различни видови дрвја.

„Последниот, орев, ќе биде засаден на 11 мај, на неговиот 68 роденден, кога ќе им го предадеме паркот на жителите на главниот град за употреба“, додаде Вуковиќ.
Да потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари, на 67-годишна возраст, на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде беше примен три дена порано поради воспаление на белите дробови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This