ПОДГОТОВКИ ВО ВИЕНА: Виена се припрема за средба на Путин и Трамп на 15-ти јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриските власти се подготвуваат за состанокот на претседателот на Русија Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на 15 јули во Виена, пишува австрискиот весник Кронен Цајтунг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, не сакаше да ги коментира наводите во медиумите дека на 15 јули може да се одржи состанок на двајца претседатели.

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за последен пат разговараа телефонски на 20 март. Како што објави прес-службата на Кремљ, по телефонскиот разговор на министрите за надворешни работи на Русија и САД им било наложено да го подготват состанокот на највисоко ниво.

Песков им изјави на новинарите на 21 јуни дека “нема официјални изјави за подготовките за состанок ниту од Кремљ, ниту од Белата куќа”.

На 10 јуни, рускиот претседател потврди дека е подготвен да се состане со Трамп, веднаш штом ќе биде подготвена американската страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This