ПОДДРШКА ЗА #Бојкотирам ОД ШПАНИЈА: Шпанските десничари со поддршка за движењето #Бојкотирам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десничарските политички партии од Шпанија застанаа рамо до рамо со движењето „Бојкотирам“ од Македонија, повикувајќи ги политичките сили низ Европа да земат учество во поддршка на Македонскиот народ во одбраната на сопствениот идентитет, име и право на самоопределување

Европската демократска партија на Шпанија, која на изминатите општи избори доби осум пратенички мандати со 481.000 гласови, вчера дадоа отворена поддршка за движењето „Бојкотирам“, како што велат, поради задржување на правото на самоопределување на народите.

– Македонија е жртва на обиди за нејзина анексија од Србија под името „Вардарска Бановина“. Додека земјата беше дел од екс-Југославија такви обиди имаше и од Бугарија, а најсилни се обидите од Грција. Тие се обидуваат да ги натераат Македонците самите да го променат името кој го определува нивниот национален идентитет, а претходно по диктат на Грција беа принудени да го променат и националното знаме „Сонцето од Кутлеш“.

– По години на неуспешни обиди, овој пат УСАИД и Фондацијата Отворено Општество (организација на шпекулантот Џорџ Сорос) се обидуваат да се спротивстават на Македонците кои со 90% се против промена на државното име.

Од ПДЕ велат дека ваквите обиди започнале уште од времето на администрацијата на Обама уште во 2012 кога УСАИД додели неверојатни 2.5 милиони долари грантови на организации и невладини под капата на Сорос. На овој начин тие се вмешаа во внатрешните работи на земјата, велат од шпанската партија, додавајќи дека сите активности превземени од овие невладини организации биле во насока на ширење на агендата за промена на името на земјата, Република Македонија.

Две години подоцна, оваа сума се зголеми на 4.8 милиони долари, а минатата сумата на пари на даночните обврзници на САД кои беа поделени во соросовите организации беше неверојатни 9.5 милиони евра.

ПДЕ го поддржува и претседателот Иванов кој на 12 јуни одби да го потпише законот за ратификација на договорот со Грција, објаснувајќи дека обидите за вмешување на Сорос и администрацијата на Обама на овој начин биле поразени.

– На овој начин, Сорос и УСАИД, кои ги штитат исклучиво глобалистичките интереси, прават бескрупулозна кампања за убедување на Македонците да не го бојкотираат референдумот за промена на името. Без разлика на резултатот од референдумот ќе биде на штета на Македонскиот народ и неговиот идентитет што ќе ја загрози и територијалната целовитост на земјата. – објаснуваат од шпанската десничарска партија, повикувајќи на #Бојкот на референдумот бидејќи и според нивното толкување ова е единствен начин да се спаси националниот идентитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This