ПОДДРШКА ЗА ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ: Традиционална хуманитарна трка по повод Светскиот ден за лица со Даунов синдром!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мечувалечки клуб Ескрим оваа година, по трет пат, ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Истата ќе се одржи во Градски парк во Скопје во недела, 24-ти март, со почеток во 11 часот.

Секоја година сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка и организаторите апелираат тоа да продолжи затоа што, како кажа Билјана Кузмановска, организатор на трката, за децата изминатата година, „Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони!“. Според нив, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект од нашето општество. Тие се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан кој ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.

Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун. За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на Фејсбук фан страната:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This