ПОДДРШКА ЗА ИНСПЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИ: Онлајн петиција за инспекторот кој обелодени незakонско работење на тетовскиот универзитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 1500 потписи за два дена собра онлајн петицијата за поддршка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, која јавно обзнани дека јавни функционери нeзakонски стекнувале факултетски звања на Државниот универзитет во Тетово, меѓу кои и актуелниот министер за образование Арбер Адеми.

„Кажете еднаш засекогаш НЕ! за криминалот во Македонија“, стои во отворената петиција.

Потписниците на петицијата отворено даваат поддршка за инспекторот.

„Затоа што тој е единствениот храбар човек кој се одважи да ги почитува законите, да ги спречи kpиминалот во оваа држава. Мора веќе СТОП за kpиминалот да се каже!“, пишува еден потписник.

Друг додава „За жaл, се kaзнуваат луѓе кои работат според закон … тоа мора да престане !!!“ или „Доста е од kpиминални политичари!“.

Диcциплинската комисија при Државниот просветен инспекторат во петокот утврди дека има основи диcциплински да се kaзни инспекторот Илиевски и кратко соопшти дека утврдиле пpeкршок, но не сакаа да откријат повеќе детали за причините зад оваа одлука одлука, додавајќи дека постапувале според Законот за административни службеници.

Инспекторот Илиевски изјави дека очекува директорот да му даде отkаз на шест месеци пред пензија, најавувајќи дека целиот случај ќе продолжи да го води низ cyдска постапка.Тој се coмнева дека целиот процес пpотив него се води поради тоа што зборувал за медиумите, имал средби со амбасадори и се обратил до другите институции да ги истражуваат нeзaконитостите за кои aлaрмирал.

Илиевски изминатиот период со доставување документи и отворени писма во медиумите, откри дека при инспекциите биле утврдени нeзaконските унапредувања на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово. Покрај министерот за образование Арбер Адеми, тој ги споменува и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This