ПОДДРШКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИЗНАТА СОСТОЈБА: Продолжување на кризната состојба на јужната граница како заштита од напливот на мигранти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-На почетокот сакам да потенцирам дека е значајно донесувањето на една ваква одлука на денешната седница на Собранието на Република Македонија. И уште на самиот почеток да соопштам дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе дадат поддршка за оваа одлука за продлолжување на кризната состојба на јужната граница, со овие зборови се обрати пратеникот Илија Димовски на денешната расправа во врска со Одлуката за продолжување на кризната состојаб на јужната граница на Република Македонија.

Димовски потоа изрази огромна поддршка и почит кон припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Македонија, за како што рече тој, успешно извршените работни задачи во најкритичниот период бранејќи ја јужната граница на нашата држава од напливот на мигранти.

-На почетокот би сакал да се заблагодарам на сите припадници на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Република Македонија кои што и во овој период, но и во најкритичниот период извршуваа многу одговорна задача бранејќи ја јужната граница на Република Македонија од наплив на огромен број на мигранти. Тие припадници на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Македонија заслужуваат секаква почит од страна на Собранието на Република Македонија“, посочи Илија Димовски.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This