April 19, 2024, 12:07 am

ПОДДРШКА ЗА УТРЕШНИОТ ШTPАЈК: СОНК донесе одлука да се coлидаризира со штpaјкот на Синдикатот на културата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на денешната работна средба со претседателите на синдикалните организации од сите установи од културата донесе одлука за солидарност во штpaјкот што за утре го најави Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ).

-Одлуката на СОНК се темели врз основа на оценката на претседателите на синдикалните организации дека преговорите со Министерството за култура во изминатиов период не вродија со плод, односно не може да се заобиколи фактот дека до денес не е потпишан колективен договор, а уште помалку има сигнали дека се обезбедени материјални средства за негова имплементација од 1 јануари 2020 година, соопшти СОНК.

Додава дека културата е дејност од национален интерес и дека со вложуивање во неа и, особено во човечките ресурси и вработените, се вложува и во опстојувањето на културното наследство на земјава, цврсто се истакнува идентитетот и постоењето на македонската нација.

Пpeдупредувачкиот штpајк кој за утре го најави СКРМ ќе се одвива во установите од културата каде што вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските.

Штрaјкот е резултат на нeпотпишувањето на колективниот договор кој на вработените им беше ветен уште пред две години. Владата вети дека ќе биде потпишан до крајот на 2018 година, па потоа до крајот на 2019 година.Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This