ПОДДРШКА ЗА ЃОРЃЕ ИВАНОВ ОД СИТЕ СТРАНИ: Ги поддржуваме оние сили кои ги застапуваат интересите на братскиот Македонски народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддршка за одлуката на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов пристигнуваат од сите страни. По поддршката која ја дададе и српскиот премиер Александар Вучиќ, со поддршка излегоа и од партијата СНП Наши

snp+Nasi

„СНП Наши овој пат изразува полна и безрезервна поддршка на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, што постапи по Уставот на својата земја, патриотски и совесно и не го даде мандатот на лидерот на прозападните сили Зоран Заев за состав на нова влада.

Платформата на албанските партии во Македонија отворено го крши интегритетот и независноста на таа држава, што води до отворени вооружени судири не само во Македонија туку во земјите од целиот регион, од кој посебно е загрозена Србија“ – велат од СНП Наши.

Според нив Зоран Заев е претставник на политичките структури на Западот кои исчезнуваат од политичката сцена, односно авторите на новото крваво сценарио на војни на Балканот од редовите на НАТО алијансата и американската адинистрација во заминѕување.

„СНП Наши пружаат поддршка на оние здрави сили кои ги застапуваат интересите на братскиот македонски народ, и најостро го осудуваме мешањето на НАТО креатурите во внатрешните работи на Македонија“ – велат од информативната служба на СНП „Наши“.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This