ПОДДРШКА НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ВЛАДЕАЧКАТА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес заедно со партиската делегација во чиј состав се членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, во седиштето на Кознервативната Партија на Велика Британија во Лондон остварија средба со претседателот на владејачката и најголема партија во Велика Британија, Конзервативна партија Патрик Меклоглин и потпретседателот на Конзервативната партија Марк Филд.

gruevski-sredba

На средбата се разговараше на повеќе теми и области врзани со стратешките интереси на Република Македонија за членство во НАТО, мигрантската криза како и аспектите на политичката криза наметната од опозицијата, информираат од партијата.

Претседателот Груевски посочи дека државата е силно фокусирана кон зајакнување на економијата и подигнување на стандардот на граѓаните што е суштински важно за целокупниот развој на Република Македонија. На тој план Велика Британија е важен трговски партнер на Македонија и постојат огромни потенцијали што треба да се искористат и ќе придонесат за дополнително интензивирање на меѓусебните економски релации, истакна Груевски, кој додаде дека и покрај штетното влијание од политичката криза, државата успеа да постигне позитивни економски резултати за што сведочи и последниот извештај на Светска Банка Дуинг бизнис, каде Македонија е на високото 10 то место во светот и 5та во Европа по добрата бизнис клима.

Во поглед на политичката криза наметната од опозицијата Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски истакна дека е потребно да се стави крај, а изборите се неопходи, при што граѓаните ќе имаат можност да одлучат за иднината на демократски и фер избори.

Соговорниците се осврнаа и на мигрантската криза при што беше потенцирана важноста на улогата  која Македонија ја има во справувањето со овој предизвик. Соговорниците се осврнаа и на потенцијалите за соработка на партиско ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија.

gruevski-sredba1

Потпретседателот на Конзервативната партија Марк Филд ја изрази поддршката на Конзервативната партија од Велика Британија на ВМРО-ДПМНЕ.

По средбата потпретседателот на Конзервативната партија на Британија Марк Филд изјави, задоволни сме како Кознервативна партија што имавме средба со нашата сестринска партија односно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот тим. Македонија може да се гордее со големиот успех и напредокот на економијата, и како што знаете компании како Џонсон Мети и останатите британски компании се голем работодавач во државата, што значи дека стекнале доверба во Македонија. Велика Британија не го остава светот ниту Европа зад себе, и јас се заложувам и сум уверен дека економските односи со Македонија и државите од Балканот се повеќе ќе се зацврстуваат во годините што следат, изјави потпретседателот на британската конзервативна партија Марк Филд.

gruevski-sredba2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со лордот Тим Босвел кој воедно е и претседател на највлијателниот комитет за европски прашања под кој се наоѓаат седум други подкомитети.

На средбата лордот Босвел ја афирмираше поддршката за Македонија во поглед на остварување на стратешките интереси на државата и напредокот кој се остварува во поглед на економијата, реформите во повеќе сфери и области кои се важни за граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This