April 19, 2024, 12:52 pm

ПОДЕЛБА ВО ВЛАСТА, ШЕКЕРИНСКА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ЗАЕВ: ДУИ бара парламентарни избори заедно со претседателските, со заеднички кандидат за претседател на ДУИ и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако стана се поизвесно дека т.н. парламентарно мнозинство нема да обезбеди 2/3 мнозинство за уставни измени, во СДСМ се разгледуваат две сценарија за избори, пренесува Магазин.

Како лиферуваат од партиски извори од СДСМ, партијата во моментов се соочува со длабока поделба, нешто што политичките аналитичари го виделе во периодот од 2002 до 2006 година, кога за 4 години владеење, СДСМ смени три премиери а партијата три претседатели.

Шекеринска е повеќе од јасна дека ако се оди на избори веднаш и сега, извесно е дека ризикот треба да го понесе Заев лично.

Планот “Б” e утре да се гласаат уставните измени, без никаква можност истите да бидат донесени.

Потоа Џафери ќе закаже нова седница.

Според Заев тактизирањето е нешто што ќе го чини цела политичка кариера.

Дали да се избегнат легитимните барања на опозицијата за фер и демократски избори и да се оди на брзи избори, на кои премиерот се надева дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги бојкотира?

Ефектот од бојкотот од 1994 година, тогаш на СДСМ им донесе 87 пратенички мандати.

Одговорноста е што ако ВМРО – ДПМНЕ сепак реши да учествува, а резултатот соодветно со референдумскиот исход, говори дека и по нови предвремени избори, со помош од Запад, Заев нема да можи да обезбеди 81 пратенички мандат во поддршка.

Албанските партии, и од власта и од опозицијата, веќе се посетени од идејниот творец на Тиранската платформа, шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, и тие сега имаат нови, поголеми барања.

Али Ахмети е јасен по прашањето избори сега и веднаш. Сеуште не расчистил со ефектот БЕСА. Не ги поддржува и бара предвремени парламентарни избори на пролет, заедно со измени во Законот за територијална поделба, уставните измени но и поддршка на Албанец за кандидат за иден претседател на Република Македонија, по што сака политички да се пензионира.

ри формирање на ново парламентарно мнозинство сосема е извесно дека Заев овој пат нема да добие ни мандат од претседателот Иванов, кој сеуште не ги активирал гаранциите дека нема да има уставни измени.

Опцијата која ја поддржува и ДУИ е да се продолжи со владеење низ критика.

Се до изборите на пролет, 2019 година кога би изразиле огромна поддршка на СДСМ, само под два услови, прифаќање на новите барања за измени во Законот за територијална поделба на Македонија, со што на општините би им се дала можноста, поради економски, етнички или развоен интерес да може да се здружуваат.

Тоа е формалното воведување на кантонизација во Македонија, по што ќе следи и промена на државното уредување од републиканско кон федерализација.

Второто барање е Албанец за претседател, со што ДУИ би имала сигурност дека сите законски и уставни решенија, би биле веднаш потпишани, а не би наишле на т.н. џебно вето кое сега активно го користи Иванов.

Заев е за првата опција. Избори сега и веднаш, по секоја цена иако Шекеринска му дише во врат со нов кандидат за претседател на СДСМ а Албанците сметаат дека тоа не е од интерес и најавуваат можна апстиненција.

Шекеринска нема намера да биде повторно претседател на СДСМ. Но во СДСМ јасно дале до знаење дека е единствениот член кој сменил 4 премиери и три претседатели низ историјата на партијата и дека следен на списокот за “отстрел” и е актуелниот, Зоран Заев, кој се покажал како “срам” за спонзорите од Запад.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This