March 28, 2024, 11:29 am

СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА: „Со сопругот си ги сменивме работните обврски една седмица и беше катастрофа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ен открива дека таа почнала да плаќа сметки, да мести полици и да фрла ѓубре, а нејзиниот сопруг да готви, да чисти по мачката и да брише прашина. Резултатот? Хаотичен!

Постои некое непишано правило околу тоа кои се машки, а кои женски работи во домаќинството, иако таква строга поделба можеби и не треба да има. Така е и во домаќинството на Ен Родригез Џонс во кое нејзина работа е да готви, а работа на сопругот е да го фрла ѓубрето, а единствен исклучок од типичната поделба на работите е тоа што нејзиниот сопруг правосмука, затоа што тоа го релаксирало.

Еден ден таа дошла на идеја што би било ако си ги заменат обврските на една седмица? Како нивното домаќинство ќе функционира во тој случај?

Вообичаено кога доаѓале од работа Ен готвела, а нејзиниот сопруг Нејт седел во дневната и си разговарале како поминале на работа и потоа ручале.

Кога Нејт ја преземал кујната, Ен била ужасната. Не затоа што тој не знаел да готви, туку затоа што секое влегување во кујната му било како прв пат, па претурал по шкафовите и фрижидерот барајќи состојки за готвење и постојано дофрлал „Каде е црвениот пипер?“, „Дали имаме путер?“, „Дали во ова јадење треба да ставам путер?“ итн.
Во текот на оваа една седмица додека Нејт готвел бил под голем стрес, а Ен била уште повеќе затоа што не знаела каков ручек ќе испадне, ниту дали тој ќе го исклучи шпоретот, па мислејќи на ова трошела повеќе енергија, отколку кога сама готви.

Ен минала едно попладне пцуејќи и нервирајќи се додека составувала полица за книги. Ова е нешто кое обично Нејт го сработувал за кратко време, но неа ѝ биле потребни часови. Изгледала 3 Youtube туторијали, се обидувала да не се повреди со алатот и потоа испила половина шише вино за да се ослободи од напнатоста.

Нејт пак се чувствувал вака откако ги чистел нечистотиите од мачката во нивниот дом.
Изнесувањето на ѓубрето Ен го проценила како лесна обврска од листата на Нејт, па не го изнела од домот 4 дена. Кога одлучила да го стори тоа, ќесето ѝ се скинало, на подот истекла течност од остатоци од овошје и други отпадоци, ужасно мирисало и морала да чисти потоа. Сфатила дека е попаметно да се фрла ѓубрето на пократко време.

Кога Нејт ја чистел прашината во домот, Ен му била љубоморна, затоа што таа нејзина работна обврска отсекогаш ја релаксирала и го обожавала мирисот на средството за чистење.
Ен му ја предала обврската на планирање на нивниот социјален живот на Нејт, нешто што таа го правела цел живот, па имале испуштени третмани на доктор, извисени пријатели и разочарани деца поради неговото постојано заборавање на плановите.

Ен и Нејт двајцата работат и со двете плати ги покриваат сметките, но плаќањата ги врши Нејт. Но, сега кога тоа станало обврска на Ен таа сфатила дека на нерви ѝ одат редиците во банка и како и тоа дека често заборавала да плати некоја сметка.

Резултатот? Ен сфатила дека по 15 години брак најбезбедно е секој да се држи до извршувањето на своите обврски.

Ен заклучила дека иако сака околу некои работи во домаќинството Нејт да се ангажира повеќе, а сигурна е дека и Нејт го чувствувал истото за неа, сепак ова што го практикувале досега е функционален модел за нив.

Најдобро е таа да ги врши своите обврски, тој своите и да живеат како и досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This