ПОДМЕТНАТА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПРИЛЕП: Двајца осомничени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера околу 13.10 часот во Прилеп, М.Б. пријавила дека во текот на ноќта во периодот од 22.00 до 12.45 часот било оштетено возилото „даеву нубира“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на нејзината мајка,  паркирано на ул. „Димо Наредникот“.

Од извршениот увид било констатирано дека возилото е оштетено на задниот дел од експлозија на импровизирана експлозивна направа.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од НККР Прилеп.

Повредени лица нема.

Во врска со настанот во ПС ОН Прилеп биле повикани две лица од Прилеп и со наредба за претрес на дом и помошни простории биле извршени претреси кај двајцата. Кај едниот не било одземено ништо, додека кај другиот биле одземени повеќе предмети за понатамошна постапка.

ПС ОН Прилеп презема мерки за целосно расчистување на случајот

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This