Поднел ли Зоран Заев нeвиcтинити податоци за имотната состојба при преземањето на премиерската функција?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поднел ли екс-премиерот и актуелен лидер на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев, невистинити податоци за имотната состојба при стапувањето на премиерската функција во 2017 година, со што го прекршил Законот на спречување корупција и судир на интереси?

Ова прашање се поставува по објавувањето на едната од двете денешни аудио „бомби“ во која тој вели дека располага со капитал во висина од 8,5 милиони евра.

Во јавно достапниот документ поднесен до Државната комисија за спречување корупција преземен од нејзината официјална веб-страница на 4 декември минатата година можеше да се види што поседуваат Зоран, Зорица и двете деца, но не и што поседува и поширокото семејство на кланот Заеви.

Па така, од личен имот, екс-премиерот имал само побарување по основ на даден заем во висина од 4.300.000 денари.
Останатиот имот, станови, куќи и банкарски депозити беа на име на родителите, сопругата и децата на екс-премиерот. Но, вкупно пријавениот имот е далеку од износот што самиот го споменал во разговорот со непознато лице.

Беше воочливо е, на пример, дека немаше наведено уметнички предмети, акции во фирми, накит, хартии од вредност, удели, обврзници…

Анкетниот лист за имотната состојба на Заев беше преземен во време кога беше актуелен предлогот на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за проверка на имотот на политичари, судии, обвинители…

Колкав имот пријавил Заев по напуштањето на премиерската функција засега е неизвесно.

Но, тој во неколку наврати изјави дека во рамки на борбата против корупцијата, ДКСК ќе ја проверува имотната состојба на судии, обвинители и државни функционери. Ако при стапувањето на премиерската функција направил пропуст, прашање е што би го спречило да го стори тоа и при напуштањето на функцијата и при проверката од страна на ДКСК.

Мицкоски бара да се се испита потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се збогатија на грбот на народот.
Мицкоски ги повика институциите него и неговото семејство први да ги но на иста таква проверка да подложи и Заев и неговите министри.

Дека стравот од губење на изборите и од одговорноста со која ќе мора да се соочи кај Заев е се поголема е што тој одби со амнестијата во иднина да не важи за политичари како и тоа амнестирани луѓе да бидат политичари.
За Заев не прифатливо да постои кандидат за мандатар со тоа што доколку тој загуби на изборите да се збогува со политиката без да има можност да се крие зад пратеничкиот имунитет.

Линкот со Анкетниот лист на Зоран Заев како што можете да видите веќе е недостапен…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This