ПОДОБРЕНА БИЗНИС КЛИМА И ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ:Пренџов во посета на регионалниот бизнис центар во Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подобрена бизнис клима, воспоставени нови бизнис партнерства и зголемена конкурентност на малите и средни пртепријатија, ова се само дел од придобивките од отварањето на региналниот бизнис центар во Југоисточниот плански регион. Заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов вели дека бизнис центрите кои функционираат во сите плански региони се многу значајни како за бизнис скторот, така и за намалување на разликите помеѓу самите региони.

– Континуирано го зголемуваме буџетот за регионален развој така што од претходните 14 милиони оваа година имаме веќе 24 милиони денари. Финансираме неколку проекти , помагаме во изградба на мост помеѓу општините Босилово и Ново Село, понатаму имаме целосна студија за целиот регион за управување со отпад кој што е многу важен дел за овој дел од Република Македонија и даваме плус уште 5 милиони денари за развој на селата и на специфичните развојни зони, вели Љупчо Пренџов –заменик министер за локална самоуправа.

Од центарот за развој на Југоисточниот плански регион велат дека формирањето на бизнис центарот се покажало како повеќе од потребно.

-95% од фирмите во Република Македонија се мали и средни претпријатија што значи тие се двигател, столб на нашата економија и затоа е потребно континуирана поддршка во делот на нивна едукација и она штоим е потребно како информација да добиваат средства од различни фондови и од нашата држава, од национални фондови и од европските фондови, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на центар за развој на ЈИ регион

Регионалниот Бизнис Центар беше формиран пред две години во рамки на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион” со цел зголемување на конкурентноста во Југоистокот преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This