ПОДОБРО Е ГРУЕВСКИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР: Аболицираниот Заев не ја заслужува довербата на народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме свои на своето, и никој од својата држава или сосед не бараме нешто туѓо. Не сакаме некој да го распродава тоа што е наше. Ги продадоа Долнени, Струга, Кичево и Скопје за пет години претседателски мандат, а сега Заев сака да го продаде Уставот и унитарноста на Република Македонија за 4 годишен премиерски мандат. Господинот Заев е еден политичар кој што заглавил во судски процес и тој знае што и направил. Господинот Заев знае и дека цела Македонија виде што направи, но проблемите кои што Зоран заев ги има на суд, не е должна да ги плаќа Република Македонија, проблемите што Зоран заев ги има со Поткуп, не е должна да ги плаќа Струга, рече Антонио Милошоски носителот на листата во ИЕ 5.

milososki5
Милошоски посочи дека политичките работи, државните и националните интереси не треба да бидат пазар за личните желби за властољубие.

-Затоа треба достоинствено да му покажеме дека сме народ со достоинство. Нас нека не не учи на соживот, и на разбирање, ние најдобро знаеме како тоа да го направиме. Нас најголемиот проблем во соживотот, ни е проблемот да најдеме работно место затоа што социјалдемократскиот сојуз немаше град ни општина да не затвори фабрика, десетици на број во струшко, единствена партија, единствен премиер, единствен човек и тим, кој што успеа во Република Македонија после 30 години, да отвори нови погони и фабрики беше Никола Груевски, ВМРО ДПМНЕ, привлекување на странски инвестиции кои што не се приказна туку се вистина и реалност. Тоа е нашата борба. Дали на некој стружанец, Македонец, Албанец, Муслиман, Христијанин, Турчин, или Ром сме му скратиле пензија 8 посто, на никого. На секого сме зголемиле. Дали некого сме избркале од работа или сме затвориле фабрики. На никого. И ако некој треба и има право и морална обврска, тоа сме сите ние овде собрани на плоштадот во Струга, да влеземе во домот на секој пријател, на секој роднина, на секој колега и на секој наш сонародник и сограѓанин и да му кажеме, Гласај за подобра Макеоднија, подобро е за тебе, подобро е за семејството, подобро е за Струга, подобро е за државата. Подобро е Груевски да биде премиер, отколку аболицираниот криминалец Зоран Заев. Подобро е да работиме за повисоки пензии, отколку некој да дојде на власт и да крати од вашите пензии. Подобро е да имаме економски проекти и да градиме автопати и да отвораме нови работни места, отколку некој да отвора нови политички и меѓуетнички кризи, истакна Антонио Милошоски на митингот во Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This