ПОДРИВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ: Безбедносен објект од прв степен Заев го сведува на ниво на детско одморалиште – Досие Јасен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува несериозноста на новото владејачко мнозинство предводено од СДСМ во поглед на безбедноста на државата. Откако ги сменија членовите на Управниот одбор со партиски личности, сега скандалозно за директор на ЈП Јасен поставуваат човек кој нема и никогаш немал никаква врска со безбедност и одбрана. За прв човек на Јасен е поставен човек чие најголемо достигнување во кариерата е директорската функција во детското одморалиште Бунец – пишува Република

Искуство во безбедносниот ресор – нула. Искуство во работа со воено безбедносни објекти – нула. Барем ние не успеавме да дојдеме до такви информации. Според информациите до кои дојдовме, за нов директор на Јасен е именуван Јетон Селими од Алијансата Албанците. Нашите информации велат дека има дипломирано на Катедрата за албански јазик, а се уште ги нема завршено магистерските студии на Институтот за Социо-правни истражувања, насока менаџмент во образование кои ги има запишано во 2011 година.

Од работното искуство Селими има работено во детското одморалиште Бунец. Толку од биографијата на Селими. Толку од професионалниот багаж и искуството со кое што новиот прв човек на Jасен, влегува во објектот. Секогаш е проблем кога заради меѓупартиските пазарења се поставуваат сомнителни и некомпетентни кадри, но кога во тие пазарења се тргува и со објекти од витално значење за безбедноста на државата, тогаш се случуваат вистински проблеми кои може да доведат до сериозни последици.

Резерватот Јасен е повеќенаменско заштитено подрачје кое како посебна зона е формирано со одлука на Владата на Народна Република Македонија 1958 година. На територијата на Јасен се наоѓаат подземни и надземни воени објекти кои се од интерес на одбрана на државата. Во тие објекти се обезбедени услови со целосна логистика за нормално функционирање на државниот врв, односно во случај на воена опасност од таму би се водела државата и би се носеле стратегиските одлуки од страна на првите луѓе на државата на чело со претседателот и премиерот. Тоа подразбира дека активностите и безбедносните услови секогаш треба да се на највисоко ниво.

Очигледно е дека новото владејачко мнозинство не ни помислува да работи за безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните на Република Македонија. Најважното место за безбедноста и тие го даваат во рацете на личност која нема способност нити знаење истото да го води и одржува на потребното ниво. Јасен има и втор, економски аспект кој очигледно во задоволувањето на партиските апетити на Заев и коалициските партнери на СДСМ , единствено се зема предвид. Јасен го прават атрактивен трите езера Козјак, Св. Петка и Матка и ловниот туризам. СДС и новото владејачко мнозинство на сметка безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани гледаат само можност за богатење.

Експерти од полето на безбедноста коментираат дека ваквиот однос на власта кон Јасен е многу несериозен. Објектот децении наназад беше чуван и одржуван. Содржините во Јасен се третираа како воена тајна и не можеше секој да знае за воената инфраструктура со која располага државата, а која треба да послужи за командување во случај на крајна нужда.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This